сабота, 23 јуни 2007

Арсенал го потврди заминувањето на Анри.


Претставници на Арсенал потврдија дека постигнале договор со Барселона за премин на Тјери Анри во шпанскиот клуб. Договорот предвидува, доколку Анри ги помине лекарските прегледи, Арсенал да добие 16 милиони фунти (23,78 милиони евра) обештетување.
Анри веќе објави дека сака да ја напушти Англија и да премине во Барселона. Доколку целиот процес успешно заврши, тој во новиот клуб ќе има неделна плата од околу 193.000 евра.
„Морам во понеделник да ги поминам лекарските прегледи но, да - се одлучив за Барселона“, изјави Анри за францускиот спортски весник „Л'екип“.
Анри професионалната фудбалска кариера ја започна во Монако во 1994-та година, под водство на сегашниот менаџер на Арсенал, Венгер.
Во 1998-ма година беше дел од француската репрезентација што ја освои титулата светски првак и истата година премина во Јувентус, што се смета за негов најлош период во играњето.
По преминот во Арсенал се разви во еден од најдобрите светски фудбалери и освои две титули во Премиер лигата, три ФА купа и по еднаш играше во финалето на Лигата на шампионите и Купот на УЕФА.

недела, 17 јуни 2007

Барса не го зема Шпанското првенство!!!







Барса е поразена.Иако го
тепаше Гимнастик во гости
со 5-1.


Реал Мадрид ја зема титулата
заслужено,по пет години.
Тепајќи ја Мајорка со 3-1,
на домашен терен.














среда, 25 април 2007

Стоби пронајдени монети!!


Монетите од времето на Веспазијан, на аверсот го носат профилот на царот, додека на реверсот гледаме: четириколонен храм со минијатурна фигура на Асклепиј на средина, Бонус Евентус - гениј на добрата среќа; непознат гениј со мала Викторија во раката и рогот на изобилието, со шлем, штит и оклоп: жена - гениј на градот Стоби со венец во косата, во рацете ги држи мала Викторија и рогот на изобилието. На еден тип монета од времето на Тит и Домицијан се гледаат профилите на двата цара свртени еден кон друг, додека на реверсот е храм со 4 колони.
На монетите на Домицијан (81 - 96) се гледа храм со четири колони и со мала фигура на царот во воена опрема со копје и скиптрон. Познати се и монетите со профил на неговата сопруга Домиција.
На монетите на Трајан (98 - 117) гледаме: четириколонен храм со фигура; но и една мошне значајна симболична сцена со жена - гениј на градот со корона муралис (градска круна) во косата, со мала Викторија и скиптар во рацете. Лево и десно под неа лежат две брадести фигури со садови од кои истекува вода. Десната фигура држи трска. Тоа се речните гении на Еригон и Аксиј. На монетите на Марко Аврелиј(161 - 180) се гледа иста претстава, потоа фигура на Јупитер со скиптар и патера (плитка култна чинија); фигура на Викторија, жената - гениј на Стоби со копје и патера.
На еден тип монети на Фаустина Помладата, сопруга на Марко Аврелиј, се гледа Фортуна со рогот на изобилието и кормило.
Монетите од времето на Септимиј Север (193 - 211) ја носат Викторија со венец и палма.; Плутон ја граба Персефора; Персефора во квадрига (четвороспрег).
На еден тип монета на Јулија Домна, втората сопруга на Септимиј Север, која извршила самоубиство со апстиненција од храна, ги гледаме нејзиниот профил и сцената Грабањето на Персефора. На монетите од нејзиниот прв син Каракала (198 - 217) се гледаат: Викторија во повеќе варијанти, Јупитер на престол со скиптар и мала Викторија; Плутон ја граба Персефора, Јупитер кој стои; Деметра која стои; Меркур со ќесе пари во раката седи на карпа.
На монетите на Гета (209 - 212), вториот син на Јулија Домна, се гледа фигура на војник меѓу две нимфи или Викторија.
На монетите на Елегабал (218 - 222) се гледа: Јупитер седи, со мала Викторија и скиптар; фигура на момче (можеби атлетичар) со победнички венец и палма; Викторија во неколку варијанти; фигура на борец; Плутон ја граба Персефора.
Сите досега познати монети се исковани во бронза. Со оглед на скромниот репертоар типови на овие монети, во науката постои мислење дека монетарницата на градот Стоби ковала исклучиво јубилејни - пригодни монети.

Нешто повеќе за Амфитеатарот


Театарот бил изграден во 2 или 3 век. Сличен е на постарите грчки тетри и е еден од поголемите и порепрезентативните објекти во Стоби, од римскиот период.
Гледалиштето, оркестрата и градбата на сцената се подигнати одвоено едно од друго. Градбата на сцената нема бина, туку добро изградена фасада, која била заднина на претставите во оркестрата. Гледалиштето, кое е состои од два дела, изградено е од бел мермер донесен од Плетвар. Според проценките, тетарот можел да прими 7.638 посетители. Распределбата на седиштата секако се вршела според припадноста на одделни племиња - во гледалиштето се наоѓаат запишани имињата на 5 племиња.
Театарот во доцниот 3 век, бил претворен во арена за борба на гладијтори со диви ѕверови. Ваквата промена настаналаа во 325 г., по издавањето на царскиот декрет на Константин Велики, со кој се забранувале борбите на гладијатори со диви ѕверки. Во средината и при крајот на 2 век, парадоите служеле како буништа, над кој простор биле подоцна изградени куќи, и тоа на падината што се спушта кон исток и каај заападниот ѕид од градбата на сцената. Целиот горен дел на гледалиштето и значителен дел од долните партии биле разнеени за градежен материјал потребен за градби во доцниот 4 и во текот на 5 век, а во поледниот век од градскиот живот на Стоби. Седишта и други архитектонски елементи биле вградени во надворешниот градски бедем кај Порта Хераклеја, во внатрешниот градски бедем , во дуќаните и пиедесталите вдолж Виа Сакра, во Полукружниот плоштад, во Епископската базилика, кон Градската чешма, Централната базилика со Синагога, и во Северната базилика.

Секоја година во Август месец во Стоби има престави, кој има актерски групи од цела земја па можете да го посетете!