четврток, 1 март 2007

Eve nesto i za stariot grad Heraklea


Во близина на градот Битола, во подножјето на Баба планина, се наоѓа античкиот град што датира од средината на 4. век пред нашата ера и со својата убавина и привлечностсведочи ѕа истрајноста и надмоќноста низ времето - HERACLEA LYNCESTIS.Градот, основан од Македонскиот Цар Филип II Македонски, во себе носи белези на еден развиен воено-стратешки центар на цеверозападната граница на тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско Поле).Хераклеа, со својата повеќеслојност, сведоци за еден континуиран вековен исторички и културен развој. Откриените споменици претставуваат доказ дека градот бил граден, поградуван, рушен и одново граден и наградуван и уште од неговото настанување во доцната бронзена ера, потоа хеленистичката, римска, па се до рановизантиската епоха имал статус на град со висок степен на цивилизација. Поради својата местоположба, Хераклеа не можела, а да не биде изложувана на разни влијанија и струи што доаѓале однадвор. Тоа се одразило, како врз урбаната структура на градот, така и врз стопанска и културната организација на животот во него. Сместена во плодна рамнина, од север зСо јакнењето на римската власт на овие простори, во периодот на 2. век пне. кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен економско- политички центар со свој постојан римски намесник и со своја римска војска. Највисок степен на цивилизациски раѕвој на време на римското владеење и нивната асимилаторска политика на терените на Македонија, градот доживеал во првите векови на новата ера, кога добива статус на колонија. Во тој период, како што сведоци еден натпис на мермерен постамент од 3. век н.е., градот го носел името SEPTINA AURELIA HERACLEA. Сето тоа се одразило врз изгледот на градот, така што во голема мерка била застапена римската архитектура, иако традиционалните влијанија и историските придобивки сй уште давале свој белег на градот.
При проучувањето и истражувањето на локалитетот Хераклеа, откриени се остатоците од некогашниот град, при што е направена реконструкција на неговиот изглед.
На северниот крак од форумот се наоѓа портикот на судницата со правоаголна основа на чиј северен ѕид стојат две статути на постаменти и еден постамент без статуа, кои како неми сведоци ја потврдуваат величенствената историја на градот. Статуата на Тит Флавил Орест восхитува со една спокојна убавина во своите марцијални порпорции. На неа со грчко писмо е испишано неговото име. Младото женско тело и вообичаените атрибути за вистина и правда - терзијата и лакот - ја навестуваат маркантноста на Немеза, божицата на правда и судбината. Во грчкиот натпис на ова статуа е кажано дека ова е дар од хераклејската граѓанка Јулија Тертила. Постаментот без статуа со грчки натпис е посветен на истата божица, а во рамка е поставен текст, стих од спевот на Хесиод.аштитена од планината Баба и реката Сива вода на југ, Хераклеа опстојала и се развила во една значајна раскрсница на патот Биа Егнација, кој како воена сообраќајница ги поврзувала Драч и Босфор, преку Солун на југ и Скупи, преку Стибера и Стоби на север.

Нема коментари: